Ракомет
20. January 2017 - 16:07

Повредата на Миркуловски не е сериозна, но неизвесен е неговиот настап против Норвешка

 
 
 Големата борба и пожртвуваност која ја демонстрираа македонските ракометари на синоќешниот меч против Исланд, резултираше и со повреди на двајца наши репрезентативци.
 
Филип Миркуловски на раце беше изнесен од теренот откако заработи силен удар во бутниот мускул, но според информациите од таборот на црвено-жолтите сепак не станува збор за сериозна повреда. 
 
Нема руптура на мускулот, па денеска Миркуловски ќе се обиде да тренира, по лекаркиот тим и стричниот штаб предводен ос Лино Червар, ќе решат дали големиот борец ќе може да настапи во осминафиналниот меч против Норвешка.
 
На мечот со Исланд се повреди и Манасков, но и неговата ситуација е многу подобра, па и тој би требало да игра на утрешниот меч.
 
Македонските ракометари денеска со чартер лет патуваат за Албервил, каде вечерва ќе одржат и трениг, пред утрешниот натпревар со Норвешка кој ќе се игра утре во терминот од 16 часот, со што практично ќе биде отворена осминафиналната рунда.