Живот
11. January 2016 - 13:56

„Повратник“ и „Марсовец“ добитници на Златен глобус за најдобар филм

Филмовите „Повратник“ и „Марсовец“ добија Златен глобус за најдобра драма, односно комедија, на синоќшното 73-то по ред доделување на овие награди во Лос Анџелес. 

Наградата за најдобри глумци во драма ги освоија Бри Ларсон за улогата во филмот „Соба“ и Леонардо Ди Каприо за ролјата во „Повратник“. 

За најдобар глумец во комедии е прогласен Мет Дејмон за улогата во „Марсовец“’, додека Златниот глобус за најдобра женска главна улога во комедии ја освои Џенифер Лоренс за филмот „Џој“.

Наградата за најдобра споредна улога ја добија Силвестер Сталоне за филмот „Creed“ и Кејт Винселт за „Стив Џобс“.

Наградата за најдобар филм од неангликсото говорно подрачје ја освои унгарскиот „Синот на Саул“.

Златниот глобус за најдобра режија замина во рацете на Алехандро Инари за „Повратник“, додека наградата за најдобро сценарио ја доби Арон Сокрин за филмот „Стив Џобс“.

Во категоријата телевизиски серии за најдобри се прогласени „Господин Робот“ и „Моцарт во Џунглата“.

Наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело ја доби Дензел Вашингтон.