Поволности за купување електрични возила и субвенции за плински уреди
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска промовираше две нови мерки кои се во насока на намалување на загадувањето на животната средина.
Со првата мерка треба да се поттикне купувањето на електрични автомобили кои имаат нула загадување, а со втората мерка ќе се субвенционира вградувањето на плински систем во автомобилите.
Мерките, како што истакна Никола Груевски, ќе почнат да се применуваат од следната година.
За реализација на првата мерка планирано е увозот на нови електрични возила да биде со нула проценти царина и без дополнителна акциза и при купувањето на вакви автомобили да се применува повластената даночна стапка од 5 проценти, наместо сегашните 18 проценти.
Исто така се планира Владата да дава субвенција за купување електрично возило и тоа од 3.500 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е до 25.000 евра и субвенција од 5.000 евра за секое електрично возило чија набавна вредност е над 25.000 евра.
Во период од 10 години електрични автомобили ќе бидат ослободени и од плаќање на патарина, бесплатно ќе паркираат на кој било јавен паркинг, ќе имаат бесплатна регистрација во делот за надомест за патишта и ќе има приоритет во движењето во сообраќајот, како и достапна инфраструктура за полнење.
Предвидено е и Градот Скопје во рамки на јавното сообраќајно претпријатие да започне со набавка на целосно електрични автобуси така што до 2030 година тие ќе треба да сочинуваат повеќе од 50 проценти од вкупниот број автобуси во градот, а ќе се стимулира и создавањето такси компании само со електични возила.
- Со изменување на регулативата ќе овозможиме такси компаниите кои имаат само електрични компании да бидат ослободени од сите давачки кон градот што ги имаат останатите такси компании, како и да добијат неповратни 5.000 евра грант за секое ново електрично возило што ќе го набават. Полнењето со енергија за нив ќе биде бесплатно на сите државни паркиралишта во наредните 10 години. Паркиралиштата ќе бидат обврзни најмалку 5 отсто од достапните паркинг места да бидат за електрични возила и за нив да обезбедат приклучоци за полнење со енергија, истакна Груевски.
Покрај тоа, нагласи, секоја државна или општинска јавна институција и секое јавно претпријатие формирано од Владата или општините ќе биде обврзано при секоја јавна набавка на повеќе од три возила годишно најмалку половината да бидат електрични.
Со цел да се стимулира купувањето електрични автомобили предвидено е фазно да се обезбеди пристап до специјални полначи на енергија. Постојат брзи полначи на енергија кои целосно ја полнат батеријата на автомобилот за 20 минути и чинат околу 15.000 евра, бавни кои полнат за четири часа и чинат 1.000 евра и полнење преку обичен трифазен штекер со кој се неопходни осум часа за целосно да се наполни батеријата на автомобилот.
- Во 2017 година на бензинските пумпи на сите автопати и магистрални патишта во државата ќе има по најмалку еден брз полнач за електрични возила, во 2018 по најмалку два брзи полначи, во 2019 година на сите регионални патишта да има по најмалку еден полнач на секоја бензинска пумпа, а во 2020 година да има по најмалку еден брз полнач на секоја бензинска пумпа во земјава. Покрај тоа, обврска за вакви полначи ќе имаат сите хотели со четири и пет ѕвезди, а инвеститорите во новите згради ќе треба да обезбедат по еден трифазен приклучок во секоја гаража за полнењена возилата. Цената на потрошената електрична енергија за полнење ќе ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, појасни Груевски.
Со втората мерка се предвидува субвенционирање за вградувањето на плински систем во автомобилите. За таа цел секоја година, почнувајќи од следната година ќе се овозможат ваучери од 300 евра за набавка на плински уред кои ќе се распределат на јавен повик секоја година. Оваа мерка ќе се однесува само на возилата со ЕУРО 0, ЕУРО 1, 2 и 3 стандард, односно оние кои се произведени до почетокот на 2006-та година.
- За сите овие мерки ќе се организира и јавна расправа при што секое стручно мислење ќе биде добредојдено и во наредните 2 до 3 недели овој проект е отворен за сугестии, промени и доработка во насока на подобрување на проектот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ презентирајќи ги двете нови мерки.
Ново на Сител
-
Прекин на сообраќајот на патот Кочани - Виница, кај хотел „Филипо“
-
Два случаи на голема кашлица изминатите седум дена
-
Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари
-
Французинка измамена од лажен Бред Пит, изгубила 830.000 евра
-
Полицијата со сила избрка советници и пратеници кои го блокираа градското собрание во Нови Сад
-
Критична состојбата на момчето од Волково по струјниот удар
-
Финансова полиција со кривична пријава против три физички и две правни лица за фалсификување деловни книги
-
Нивото на јаглерод диоксид во атмосферата во 2024 година се зголемувало побрзо од кога било досега, предупредуваат научниците