Повлечени „Сините знамиња“ од 22 грчки плажи

Вкупно 22 грчки плажи во различни делови на земјата, од кои четири на Крит и три на Халкидики ја загубија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од националната и меѓународната листа за 2024 година бидејќи или не се организирале правилно за овогодишната сезона или не ги исполниле строгите критериуми на програмата, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Грчкото друштво за заштита на природата, што воедно и националниот оператор во меѓународната програма „Сино знаме“ соопштија дека според нивните оценки и соодветните процедури, по ненајавени посети на плажите констатирале недостатоци во почитувањето на критериумите што се однесуваат на: услугите за капачите и посетителите (вклучувајќи ги и лицата со инвалидитети), хигиената, точни информации, безбедност на капачите и посетителите, правилно управување со животната средина, како и зафаќање слободен крајбрежен простор.
-Потенцираме дека повлекувањата на наградите се поради лошата организација, а квалитетот на водите за капење останува одличен, според стандардите на Програмата, нагласија од Грчкото друштво за заштита на природата.
Додадоа дека паралелно продолжуваат со контролите на сите наградени плажи во земјата, контроли кои, „во најголем дел, се спроведуваат ненајавено“.
„Сините знамиња“ се повлечени од четири плажи во различни делови на Крит, без награда останаа по три плажи на Халкидики, Родос и Наксос, две плажи во областа Атика, поширокиот регион на Атина и на Крф, како и по една во Превеза и на островите Андрос, Милос, Миконос, Тинос.
На крајот на мај годинава беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година, земјата останува на второ место во светот по „Сини знамиња“ со 652 наградени места, од кои 625 се плажи, 18 марини и девет туристички јахти.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
