Повлечена потерницата за апсење на Моралес
Судството во Боливија ја повлече потерницата за апсење на поранешниот претседател Ево Моралес, кој се наоѓа во егзил во Аргентина. Одлуката е донесена една недела по победата на приврзаникот на Моралес, Луис Арсе на претседателските избори.
„Неговите права (Моралес) се повредени, пред сè, правото на одбрана затоа што не беше уредно повикан“, рече претседателот на судот во Ла Паз, Хорхе Кино.
На 6 јули, Канцеларијата на главниот обвинител на Боливија побара поведување на кривична постапка против Моралес за бунт и тероризам. Тогаш на Моралес му беше одреден притвор.Во неодамнешното интервју за АФП по претседателските избори во Боливија, Моралес рече дека неговото враќање во земјата не зависи од него.
Поранешниот претседател на 10 ноември 2019 година беше принуден да поднесе оставка под притисок на армијата и протестот на опозицијата, која протестираше против резултатите од претседателските избори на кои Моралес тврди дека победил, иако според Уставот немаше право на нов мандат.Моралес, кој беше претседател од 2006 до 2019 година, беше првиот претставник на Индијанците кој стана шеф на државата, а тој се здоби со репутација, меѓу другото, затоа што потекнуваше од народот.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o