Повисоки трошоците за храна и туристички аранжамани
Трошоците на живот во јуни во однос на мај годинава се намалени за 1,1 отсто, а споредено со јуни лани се зголемени за 0,3 отсто. Цените на мало пак во јуни во однос на мај се намалиле за 0,7 проценти, а споредено со јуни лани се на исто ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Намалени трошоци живот во јуни годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20,3 проценти, трбушките за 0,5 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0,2 проценти.
Намалување на трошоците на живот е забележано и кај течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,5 проценти, течните горива за домаќинствата за 2,4 проценти, средствата за чистење и одржување стан за 1,7 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,5 проценти, гасот за домаќинствата за 1,4 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за процент, теписите и другите покривки за под за 0,9 проценти, информатичката опрема за 0,8 проценти, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0,4 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата, домашните миленици и сродни производи за 0,3 проценти.
Статистичките податоци покажуваат дека има пораст кај трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,9 проценти, другите пекарски производи за 0,7 проценти, лебот и житата, месото, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 проценти, млекото, јогуртот, јајцата за 0,3 проценти, маслото и маснотиите, алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Во јуни 2019 година, пораст на трошоците на животот е забележан исто така и кај туристичките пакет аранжмани за 3,8 проценти, авионскиот превоз на патници за 3,1 процент, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,5 отсто, патниот сообраќај за 0,9 проценти, автомобилите за 0.8 отсто, услугите за сместување за 0,7 проценти..
Ново на Сител
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
-

13-годишно дете пренесено во болница со полесни изгореници откако избувнал пожар во стан во Центар
-

Со Мултипла Склероза во Македонија живеат околу 2500 дијагностицирани пациенти
-

Муслиманите во Прилеп го одбележуваат Курбан Бајрам – за овој ден се разделува месо на социјално загрозените граѓани

