Бизнис
15. March 2016 - 15:33

Повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.9 проценти на месечно ниво, а за 4.9 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јануари годинава, во споредба со декември лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите „рударство и вадење камен“ за 1,8 проценти и „преработувачка индустрија“ за 0,9 проценти, а се повисоки во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,1 процент.

Во јануари годинава, во споредба со јануари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторите „рударство и вадење камен“ за 11,4 проценти, во „преработувачка индустрија“ за  4,6 проценти, а  во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за  еден процент.