Повисоки цените на индустриските производители за 0,4 отсто на месечно ниво
Државниот завод за статистика објави дека во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 0,7 отсто и во секторот преработувачка индустрија за 0,5 отсто, а се пониски во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2 отсто.
Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,9 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,7 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,7 отсто.
На странските пазари во декември 2018 година продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво, а се пониски за 0,8 отсто на годишно ниво.
Во декември 2018, во споредба со ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот рударство и вадење камен за еден отсто и во секторот преработувачка индустрија за 0,4 отсто.
Во декември 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,1 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,7 отсто.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи