Повисоки цените на индустриските производители на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во мај годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 2,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,1 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто.
Во мај 2019, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,7 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,2 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 2,8 отсто.
Статистичките податоци покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 2,5 отсто на годишно ниво.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
