Повикал сирачиња во ресторан да јадат – Кога ја добил сметката се шокирал
Оваа трогателна приказна доаѓа од Индија од хотелот Сабрин во градот Малапурам.
Акхулеш Кумар седел покрај прозорот на споменатиот хотел и ручал, а додека го јадел своето скапо јадење, здогледал сиромашно изгладнето дете како стои на улица.
Тој дал сигнал на детето да дојде во ресторанот. По пет минути, детето влегло заедно со својата сестра која ја држел за рака.
Ги запрашал што би сакале да јадат, а тие срамежливо покажале во неговата чинија и рекле дека би сакале истото што и тој. Кога завршиле со јадењето, Кумар повикал келнер за да му ја донесе сметката да плати.
Но кога келнерот ја донел сметката Кумар останал без текст, гледајќи што пишува на истата.
Тука стоела една голема НУЛА а под неа пишувало. Не постои каса која би можела да ја наплати оваа хуманост. Ви посакуваме се најдобро.
Многу трогателен гест кој покажува дека постојат хумани луѓе на овој свет.
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба