Повик на „Јавна соба“ за дизајнери, дизајн студија и производни компании

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ распишува повик за сите македонски дизајнери, дизајн студија и производни компании кои сакаат да ги претстават своите најнови производи на дизајн фестивалите во регионот и да стапат во контакт со претставници на концептуални продавници и дистрибутери од соседните држави. Селектираните производи ќе патуваат во период мај – ноември 2017 година во организирана форма, како „Изложба на македонски дизајн - 2017“.
Учеството на повикот е бесплатно и има за цел да го стимулира развојот на дизајн сцената во Македонија, во поглед на продуктивност, самоодржливост и иновативност. Пријавата за учество може да се најде на следниот линк: www.publicroom.org/
- Време е да се охрабриме, умешно да го спакуваме и да го претставиме надвор од нашите граници сето она што неколку години внимателно го создаваме. Заеднички да ја промовираме македонската дизајн сцена и нашата земја. Како неформални претставници на дизајн секторот во земјава имаме обврска да ги мобилизираме сите активни продукт, модни и графички дизајнери, да ги мотивираме да размислуваат извозно, изјави директорката на проектот Тамара Георгиевска.
Фестивалите, како што нагласи, се одлична можност за иницирање соработка со концептуални продавници од Белград, Загреб, Сараево, Тирана, Пловдив и Софија, а изложувањето во комерцијалните зони е од голема корист за било кој дизајнер, дизајн студио или производна компанија од Македонија.
Таа информира дека во концептуалната продавница во „Јавна соба“ од пред шест месеци се продаваат парчиња мебел, накит и облека од млади дизајн брендови од целиот регион.
На изложбата на македонски дизајн може да учествуваат сите модни, графички и продукт дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија кои имаат изработено производ или се во финална фаза на изработка на нов производ/прототип.
На регионалните фестивали се очекува да се настапи со избор на 15 до 20 иновативни продукти, кои ќе имаат можност да ги видат неколку стотици илјади луѓе на Балканот.
Заинтересираните повеќе информации можат да најдат на линкот: http://www.publicroom.org/
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
