Повеќето од починатите, загинале во стампедото
Ноќеска во 02:48 часот, кочанската болница го добила првиот повик. За 30 минути биле мобилизирани сите медицински лица и почнале да се носат пациенти.
„Пациентите беа на возраст од 16 години до 24 годишна возраст. Најмногу имаше со изгореници и интоксикација на јаглероден моноксид. Потоа, пациенти беа препраќани во Штип. Пациентите беа пренесени во најкус можен период, по тријажата, станува збор за повреда со ентоксикација и изгореници. Тие кои беа со помали изгореници беа задржани во кочанската болница“, рече Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани.
Таа додаде: „Повеќето пациенти имаа повреди од стампедо, особено пациентите кои се починати. Починаа од стампедото кое било направено, при паниката, паничниот напад. Започнале да излегуваат низ влезот, каде не собирало да поминат 1500 лица“, додаде Серафимова.
Таа рече дека имало пацинети од Скопје, Штип, Пробиштип, Кочани.
Ново на Сител
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје
-
Судска медицина работи на обдукција и идентификација
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
-
Повредените сместени во странски центри се под постојан медицински надзор