-->
-->
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија
-->

Неколку лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во пожар што избувна денеска во нафтена рафинерија во градот Ухта во Република Коми во северозападна Русија.
Локалните власти тврдат дека пожарот не бил резултат на украински напад, пренесе Бета.
-Денеска дојде до пожар во рафинеријата за нафта во градот Ухта при планирани технички работи, што резултираше со смртни случаи и повредени, напиша истражниот оддел на Телеграм.
Локалните власти не прецизираа на која компанија и припаѓа рафинеријата, но сликите објавени од локалното министерство за вонредни состојби го покажуваат логото на нафтениот гигант Лукоил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
-

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
-

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици
-

Трамп: Договорот за продажба на оружје на Тајван е многу добра преговарачка алатка со Кина
-

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
