Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица

Во изминатото деноноќие регистрирани се неколку случаи на партнерско насилство, со физички напади и закани, а во повеќе случаи полицијата лишила од слобода осомничени лица.
Во првиот случај, во 02:05 часот изутринава, во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријави дека била физички нападната од нејзиниот партнер Л.И. по претходна расправија.
Потоа, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека пред три дена во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер Ф.Д.С.M.(35) од Франција.
Наредниот случај е во Охрид, каде полициски службеници од слобода го лишија О.В.(49) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.
Случај на парнерско насилство е пријавен и во Куманово - полициски службеници го лишија од слобода М.И.(56) од кумановско, затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
