Македонија
17. November 2016 - 13:55

Повеќе скопски населби и села утре без струја

Корисниците од селата Танушевци, Мирковци, Побожје, Малино, Бродец, Брест, Љубанци и Кучевиште, утре од 13 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.

Од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Буковиќ, а од 8.30 до 11.30 часот корисниците од улицата „Тодор Циповски - Мерџан“.

Во временскиот период од 10 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ловќенска“ под улици 2 и 4 во општина Карпош, а од 12 до 14 часот дел од корисниците од улицата „Хелсинки“.

Корисниците од викенд-населбата Матка ќе бидат без струја од 9 до 15 часот, а од 9 до 14 часот дел од корисниците од улиците „Страцинска“ и „Вашингтонска“ во општина Шуто Оризари. 

Без снабдување со струја утре од 8 до 15.30 часот ќе бидат дел од корисниците од селото Кадино, каде краткотрајно ќе има прекин од 30 минути, во 8.30 часот и уште еднаш во 15.30 часот на индустриските објекти кои се во реонот на Дрма, како и Мралино и дел од Идризово во општина Илинден.

Од 8.30 до 9.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Севастополска“, „Рифат Бурџевиќ“, „Кримска“, дел од дуќаните од улицата „Кримска“ во општина Чаир, а од 8 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Ибе Паликуќа“ и „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров. 

Без струја од 8.45 до 15.30 часот, репетиторите на операторите над селата Света Петка, Чифлик и Барово во општина Сопиште, а од 9 до 13 часот дел од корисниците од улицата „Вера Јоциќ“ во општина Кисела Вода.

Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат селата Радуша, Кондово, Рашче, Горно Свиларе, Орашје, Долно Свиларе и село Дворце во општина Сарај. 

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.