Повеќе од половина од тестираните се позитивни во Црна Гора
Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 426 новоинфицирани со коронавирус, врз основа на анализа на 840 примероци, што е повеќе од половина од испитаните. Тоа е пораст во споредба со вчерашниот број на новоинфицирани, кој беше 300.
Четири смртни случаи поврзани со Ковид-19 биле пријавени во Институтот за јавно здравје, објави „Вијести“. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на јуни е 328, а од почетокот на годината 337.
Во последните 24 часа, пријавено е дека оздравеле 349 пациенти. Земајќи ги предвид сите новооткриени случаи, како и бројот на оздравени во изминатите 24 часа, вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 6.575. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 22.805.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ