-->
-->
Повеќе од еден час не можеше да се воспостави повик на ОнеВип - еве ја причината
-->
Преку мрежате на мобилниот оператор ОнеВип попладнево повеќе од еден час не можеше да се воспостави повик.
Од ОнеВип информираат дека поради прекин на главни оптички врски се соочиле со глобален проблем кој се манифестираше со неможност за остварување повици и проблем со користење интернет.
- По брзата интервенција на екипите на ОнеВип говорните услуги за корисниците функционираат без пречки и се вратени во нормала. Во моментов интензивно се работи на отстранување на потешкотиите со употреба на интернет услугите, информираат од ОнеВип.
Од Контакт центарот на Агенцијата за електронски комуникации велат дека операторот е должен да го извести регулаторното тело за причините за прекинот во мрежата во рок од 24 часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата