Повеќе од 22.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија
Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе, јави ДПА.
Повеќе од 7.000 хуманитарни работници од 61 земја се во Турција и помагаат во напорите за потрага и спасување по земјотресите во понеделникот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.
Вкупно 97 земји испратија помош и за Турција.
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на лице место има вкупно 141.000 турски и странски спасувачи.
„Повеќе од 76.000 луѓе се евакуирани од областа на земјотресот“, рече Ердоган.
Потрагата по преживеани продолжува, и покрај сè помалата надеж.
Првиот земјотрес се случи во понеделникот рано наутро со јачина од 7,7 степени. По ова напладне следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,6 степени.
Според турските власти, оттогаш имало над 1.000 последователни потреси.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице