Повеќе од 2.000 кандидати пријавени за полицајци

Процесот на селекција на кандидатите за полициски службеници започна денес. Истата најпрво ќе се врши преку проверка на физичката подготвеност.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков кој денес присуствуваше на физичките проверки истакна дека на конкурсот се пријавиле 2.622 кандидати, што според него претставува солидна бројка за да може од нив да се изберат потребните 600 по спроведените селективни процеси.
-Има квалитетни кандидати, тоа се гледа и од досегашната спроведена фаза. Има соодветен број на кандидати кои ќе бидат добра основа за дефинитивен избор на 600 кандидати за полицајци, истакна Чавков.
Физичките проверки ќе траат до петок по што следуваат останатите фази од тестирањето.

Според полот, на овој конкурс се пријавија 2091 мажи и 531 жена, додека според етничката припадност 2080 кандидати се Македонци, додека останатите 542 кандидати се припадници на останатите етнички заедници.
Кон крајот на месецот се очекува целосно да заврши процедурата на селекција по која би биле избрани 660 кандидати кои ќе ја отпочнат едногодишната обука во Центарот за обука во Идризово.
Паралелно со процесот на селекција на кандидатите за полициски службеници, ќе се одвива и селекцијата на 52 извршители со високо образование. На овој конкурс пријавени се 1260 кандидати од кои 933 на работните места во Министерството за внатрешни работи и Секторот за внатрешни работи Скопје, додека останатите 327 кандидати конкурираа по останатите Сектори. Најголемиот дел од нив аплицираа за СВР Битола 77, потоа СВР Охрид 76, а најмалку во СВР СТрумица 34 и СВР Тетово 28.
Целиот процес е според постојаната политика за управување со човечки ресурси за навремено пополнување на полициските структури со полициски службеници.


Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
