Повеќе од 1.000 македонски туристи во туристичките места во Турција
Состојбата во Турција не ги предомисли македонските туристи. Авионската Врска од Македонија до Анталија нормално фунцкионира. Вечерва од скопскиот аеродром таму ќе пристигнат уште 300 патници . Само 12 го откажале летот. Нема најава за откажување на летови ниту за затворање на аеродромто таму. Од комората за туризам велат дека ја следат состојбата во туристичките места. Во моментов во Турција има 1.000 македонски туристи и утрово се конктактирани, сите се безбедни и никој не побарал да се врати назад..
Засега нема проблеми ниту со патниците кои за Турција патуваат со автобус. Од комората велат дека немаат информации за проблеми на граничните премини и дека се во постојан контакт со водичите на турите.
Од комората апелирата до сите граѓани кои сакаат да го откажат аранжманот навреме да ја известат агенцијата.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар