Македонија
2. July 2016 - 14:16

Повеќе од 100 учесници на наградниот натпревар „Македонија се сака на точак“

Повеќе од 100 учесници се пријавени на наградниот натпревар под мотото „Македонија се сака на точак“, организиран од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Вкупната бројка на фотографии досега изнесува повеќе од 240.

Наградниот натпревар, кој е во тек, се одвива преку социјалната мрежа Facebook, каде треба да се прикачи фотографија со велосипед, направена на територијата на Република Македонија. Фотографијата не треба да биде направена при управување на велосипедот. 

Натпреварот ќе трае до 15 септември 2016 година, по што ќе бидат објавени победниците.

Изборот за највисоката парична награда, во вредност од 30.000 денари, ќе биде наменета за најубавата фотографија избрана од жири-комисија составена од пет члена. Парични награди од 18.000, 12.000 и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови.