Повеќе од 100 настани на 9. „Топол културен бран“
Во рамки на 9. манифестација „Топол културен бран“ годинава ќе се реализираат повеќе од 100 културни настани во 31 општина. Програмата ќе се реализира во две етапи, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август во Вевчани, Валандово, Кавадарци, Ресен, Маврово-Ростуша, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Крива Паланка, Могила, Неготино, Кочани, Демир Капија, Македонска каменица, Кратово, Делчево, Берово, Кичево, Богданци, Виница, Чашка, Демир Хисар, Новаци, Свети Николе, Гостивар, Крушево, Кривогаштани, Охрид, Гевгелија, Ресен и општина Петровец.
Министерството за култура во април годинава објави конкурс за учество во програмата на „Топлиот културен бран“, кој беше отворен за сите општини во Република Македонија. Од буџетот на Министерството за култура се издвоени 4 милиони денари, распределени за сите општини, врз основа на настаните што ќе се реализираат.
Летово посетителите ќе можат да ги погледнат театарски претстави од репертоарот на националните театарски куќи Македонскиот народен театар, Театарот Комедија, Охридскиот, Штипскиот и Албанскиот театар. Концерти ќе имаат етно групите „Монистра“, „Синтезис“, „Љубојна“, ансамблот „Танец“ и повеќе помали фолклорни друштва кои ќе го промовираат македонскиот фолклор и македонската изворна песна.
Граѓаните ќе можат да ги проследат и настапите на Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, концертите на ДНК и Ај Кју, на македонските естрадни уметници Даниел Кајмаковски, Сара Мејс...
Досега во рамки на оваа манифестација се реализирани повеќе од 800 проекти.
Ново на Сител
-
Последен ден од Минхенската безбедносна конференција
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје
-
Македонска делегација предводена од премиерот Мицкоски учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Протестен марш „Кој е следен“
-
Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
-
Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи
-
Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот