Повеќе мигранти се преселиле од Австралија во Нов Зеланд, наместо обратно
Во текот на минатата година, повеќе мигранти се преселиле од Австралија во Нов Зеланд, отколу што Новозеланѓани се населиле на австралиската територија, покажуваат најновите подаоци на државната статистика во Велингтон.
Според податоците на статистичарите, во Нов Зеланд се доселиле 25,2 илјади мигранти од Австралија, додека од островската држава во Јуќниот Пацифик во обратниот правец заминале 24 илјади Новозеланѓани.
Ова е прв пат, по 25 години, повеќе мигранти да заминат од Австралија во Нозв Зеланд, затоа што традиционално, луѓето заминуваат да работат и да ѓивеат од островите кон континентот.
Рекордното преселување од Нов Зеланд е регистрирано во 2012 година, кога 53 илјади жители на Нов Зеланд се преселиле во Австралија, додека само 14 илјади емигрирале во обратната насока.
Меѓу минатогодишните преселници кои одлучиле побогатата Австракија да ја заменат за Нов Зеланд. дури две третини се Новозеланѓани кои еднаш заминале, а сега одлучиле да се вратат дома.
Експертите објаснуваат дека првата поголема преселба од Австралија кон остравите доаѓа по долгогодишната стабилност на Нов Зеланд како на економски , така и на политички план, како и поради завршувањето на „бумот„ во австралиската рударска индустрија во која работа наоѓаа многу мигранти.
Австралија и Нов Зеланд имаат билатерална спогодба за слобдоно вработување во едната, или во другата држава.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи
-
Девет години од настаните од „Диво Насеље“
-
Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова
-
Евроамбасадорот Гир ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите