Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.
-За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Митинг на Трамп се претвори во концерт, Камала Харис го доведе во прашање неговото ментално здравје
-
Силен земјотрес го погоди источниот дел на Турција
-
Ограничено движење кај Студенчишкиот канал во Охрид поради вежбовните активности на МВР
-
Почина генерал Мајкл Џексон, првиот командант на КФОР и потписник на Кумановскиот договор
-
Претрес во Штип, приведен дилер
-
ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа
-
Во Берово најстудено, во Гевгелија најтопло
-
Полициска акција во струмичко-гевгелискиот регион - се очекуваат детали од МВР