Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
Поведена е истрага против 28-годишен жител на струшко Велешта за детска порнографија. Тој од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.
- Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица. Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен, стои во соопштението од државното Јавно обвинителство. .
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега