ПОТВРДЕНО: СДСМ подготвува нова измама, Спасовски претседател на Собранието, па местото оди во рацете на ДУИ
И од партиски извори на СДСМ добиена е потврда дека Оливер Спасовски ќе биде новиот претседател на Собранието, а потоа преку разни комбинаторики претседателското место во македонското Собрание по изборот на Влада ќе му припадне на некој од командантите на ОНА.
СДСМ и Заев на овој начин ќе обезбедат гаранција дека сите 67 пратеници кои му ги дадоа потписите на Заев ќе гласаат за новата Влада. Откако таа ќе биде изгласана, планот на СДСМ за измама на народот е Спасовски да се префрли на функција министер за внатрешни работи, додека претседателското место во Собранието да и’ припадне на ДУИ.
За да ДУИ се согласи во прва фаза претседателското место им припадне на СДСМ се погрижи и СЈО кој денес отвори случај за тендер за изградба на училиште во општината Зајас каде се кадри на ДУИ и на тој начин ќе се дисциплинира до денот на избор на Владата која ќе има задача да ја спроведе тиранската платформа.
На денот на избор на владата, веднаш по гласањето, Оливер Спасовски ќе даде оставка и ќе го добие министерското столче во МВР, а ДУИ ќе го преземе претседателското место во Собранието.
Овие комбинаторики преку кои СДСМ ќе се обиде да ги измами граѓаните значи дека претседателското место во македонското Собрание по изгласувањето на Владата ќе му припадне на некој од командантите на ОНА, со што и официјално ќе започне реализацијата на Тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама во Македонија.
Со меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ за распределба на позициите во власта, како што веќе објавиja медиумите, одлучено е поранешниот албански командант на 116 Бригада на УЧК, кој потоа стана политичар, ексминистерот за одбрана од редовите на ДУИ, Талат Џафери, да биде претседател на Собранието на РМ.
Ново на Сител
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието