Потврдени уште две странски инвестиции во ТИРЗ Скопје 1
Потврдени се двете странски инвестици на „Балканлар пластик“ и „Зенит“, од вкупно 13 годинава, кои што неодамна ги најави вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Како што соопшти Владината прес-служба, министрите во Владата на денешната 71. седница донесоа одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината со Друштвото за производство, трговија и услуги Балканлар пластик увоз - извоз Скопје, како закупец на земјиште. Сопственото учество на компанијата во оваа инвестиција изнесува 8 милиони евра, и предвидува 80 вработувања.
Владата донесе Одлука за давање согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште и со Друштвото за производство, трговија и услуги „ЗЕНИТ“ Интернационал ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште, и одлуки за определување на периодот на закуп и за висината за закупнината на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 1. Овој договор за државна помош за една странска инввестиција е 13-ти по ред за една година и вреди 3 милиони евра.
Донесена е и одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, кое ќе произведува софистицирана мерна опрема и која, како дел од својата инвестиција ќе организира развојно истражувачки центар.
На 71 седница, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на Комисија за евалуација на барањата за финансиска поддршка на инвестиции, и го задолжи Министерството за економија, врз основа на доставените номинации, да достави Решение за формирање на оваа комисија.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани