Како што соопштуваат од Министерството за здравство на Грција, станува збор за лица кои имале здравствени проблеми.
Во болницата во градот Птолемаида, почина 90-годишен Грк, кој на 11 март 2020 бил хоспитализиран со пневмонија.
Втората жртва е 67-годишен маж од Закинтос кој од завчера бил приклучен на апарати, а неофицијално, бил дел од групата што беше на поклоничко патување во Израел и Египет.
Од истата група беше и првата жртва од коронавирусот во Грција.
Според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата во земјата, заклучно со вчера, се регистрирани 190 случаи на Ковид-19.