Потврдена подготвеноста за мирно решение за Нагорно-Карабах
Претседателите на Ерменија и на Азербејџан на вчерашниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин ја потврдија подготвеноста на мирен начин да се изнајде решение за судирите во областа Нагорно-Карабах.
Во заедничкото соопштение по состанокот се наведува дека е договорено да се зголеми бројот на меѓународни набљудувачи во зоната на судири.
Претседателот на Ерменија и на Азербејџан, Серж Саргасјан и Илхам Алиев, изразија задоволство од почитувањето на постигнатиот договор за прекин на огнот.
Ерменија и Азербејџан со децении имаат спор за Нагорно-Карабах, каде мнозинството население се Ерменци. Областа за време на Советскиот Сојуз беше припоена кон Азербејџан.
Нагорно-Карабах е под контрола на локалните ерменски сили и ерменската армија од кога е завршена војната во 1994 година. Судири повторно избија во април годинава при што загинаа 75 лица. Примирјето беше потпишано на 17 мај во Виена.
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра