Потврдена индиска мутација на коронавирусот во Грција
Прв случај на видот Β.1.617, односно мутација на Ковид-19 што преовладува во Индија, е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено оти мажот е позитивен, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, карактеристични за коронавирусот, но не била потребна хоспитализација.
Заразениот немал контакт со позитивен случај или патување во странство.
Според Националната организација за јавно здравје, конкретниот вид има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R.
Сепак, објаснуваат дека откриениот вид во Грција „не ја носи мутацијата E484Q, што се карактеризира како мутација која го избегнува имунолошкиот систем“, а досегашните податоци од анализите, „сугерираат дека видот B.1.617 без мутација E484Q потекнува од САД, поконкретно од Калифорнија“.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.754 нови случаи на Ковид-19 со што бројот на заразени се зголеми на 329.134, а починаа 76 лица, односно 9.864 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-

Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
-

Приведен 45-годишен маж за физички напад врз малолетната ќерка
-

Вработен во пошта пријавил закани на работното место
-

21-годишна девојка тешко повредена откако со возило излетала од патот
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Во текот на ноќта и утре претпладне засилен ветер и дожд
-

Eдната ја држела, а другата ја горела со цигара - нов тежок случај на врсничко насилство во Кавадарци
-

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
