Потврдена индиска мутација на коронавирусот во Грција
Прв случај на видот Β.1.617, односно мутација на Ковид-19 што преовладува во Индија, е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено оти мажот е позитивен, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, карактеристични за коронавирусот, но не била потребна хоспитализација.
Заразениот немал контакт со позитивен случај или патување во странство.
Според Националната организација за јавно здравје, конкретниот вид има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R.
Сепак, објаснуваат дека откриениот вид во Грција „не ја носи мутацијата E484Q, што се карактеризира како мутација која го избегнува имунолошкиот систем“, а досегашните податоци од анализите, „сугерираат дека видот B.1.617 без мутација E484Q потекнува од САД, поконкретно од Калифорнија“.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.754 нови случаи на Ковид-19 со што бројот на заразени се зголеми на 329.134, а починаа 76 лица, односно 9.864 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Ново на Сител
-

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации
-

Руската вакцина против рак со охрабрувачки резултати кај првиот пациент, следуваат уште 120 пациенти до 2027 година
-

Вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 32.000 денари, Обвинителството бара притвор
-

Вучиќ: Не можат да ме победат со аргументи, ќе се обидат да ме убијат, уапсат или лустрираат
-

Ужас на ГАК: На бебе старо два дена со ножици му отсекле дел од прст при отстранување инфузија
-

Струмичанец пријавен за измама: Зел 1.200 евра за миксета од Германија, но не ја испорачал
-

Приведени 6 возачи во текот на изминатото деноноќие, 3 од нив имале активна забрана за управување моторно возило
-

Приведен скопјанец кој поседувал марихуана, при обид на бегство со возило удрил полициски службеник
