Потврдена доживотната казна затвор за извршителот на двојното убиство во хотелот „Император“ во Охрид

Основниот суд од Охрид денеска ја потврди казната „доживотен затвор“ за Бојан Петрески од Охрид, осуден за двојното убиство што се случи во угостителскиот објект „Император“ во Охрид во август 2014 година.
Петрески првестепено беше осуден на доживотна казна затвор од Основниот суд во Охрид за убиство на Ромео Ѓизелоски (38) и Васил Ристески (56).
На денеска објавената повторна одлука Судот го прогласи виновен Петрески и за второто дело за кое беше товарен „недозволено поседување оружје и распрскувачки материјали“, за што му одреди казна затвор од пет години, осносно севкупна казна доживотен затвор.
Инаку, повтореното судење беше спроведено на барање на Апелацискиот суд, поради забелешка на одбраната на обвинетиот дека при првото изракување на казната не било земено предвид медицинско-судско вештачење на психолошката состојба на обвинетиот.
Судскиот совет во повтореното судење процени дека целосно било земено предвид стручното вештачење кое покажало дека обвинетиот во времето на извршување на делото бил здрав и пресметлив.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со дожд и ветер од северен правец
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
