Потресна исповед на 12-годишно дете: Ми рекоа да ги убијам мајка ми и татко ми
Во која мерка ИСИС мора да им го пере мизокот на децата во т.н. калифат, открива малиот Насир кој успеал да побегне од канџите на џихадистите, кој изјави дека командантите му рекле дека мора да си ги убие родителите.
Насир (12) раскажа дека бил едно од неколкуте десетици деца кои во Ал - Рак тренираат да станат бомбаши самоубијци. Откако ќе ги грабнеле, децатата војници, од кои некои имале и по 5 години, им било кажано одека командантите на ИСИС ги сакаат повеќе од нивните родители.
-Најстрашно ни беше кога почнаа воздушните напади. Не тераа да се криеме во темните тунели. Ни збореа дека Американците, неверници се обидуваат да не убијат, но дека тие, воини, не сакаат. Ни велеа дека тие ќе се грижат за нас подобро од родителите, вели Насир.
-Кога не тренираа не велеа дека нашите родители се неверници и дека наша прва работа е да се вратиме дома и да ги убиеме, вели тој.
Ова момче инаку, се појави и во едно пропагандно видео на ИСИС, и вели дека дури и на најмладите момчиња во групата им е забрането да плачат додека имале обука за идни бомбаши самоубијци.
За среќа, Насир успеал да побегне од контролата на ИСИС и да пронајде пат до бегалскиот камп каде се поврзал со своето семејство.
-Повторно ја видов мајка ми, имав чувство дека се враќам во живот, вели тој.
Бегството на Насир е откриено истовремено кога еден милитант на ИСИС, Али Шакур ал-Касе, (20) јавно ја погубил својата мајка, обвинувајќи ја за отпадник, што е често обвинение во Исламската држава.
Ново на Сител
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава