Потребна постапка за проверка на законитоста на приватизацијата на земјиштето кај паркот во Кавадарци, смета адвокатот Митрев
Изградбата на објекти кај градскиот парк може да се сопре привремено, смета пензионираниот адвокат Ѓорѓи Митрев, поддржувајќи ја Иницијативата за спас на паркот, која деновиве е актуелна во Кавадарци.
Според него, потребно е да се отпочне постапка за проверка на законитоста на приватизацијата на земјиштето. Важно е, вели, како е приватизирано земјиштето во претходниот период.
- Се сомневам дека тоа е сторено незаконски. Доколку се утврди дека приватизацијата на земјиштето е незаконска, ете можност за поништување на постапката за издавање одобрение за градба. Не треба да се откажуваме од протестот и иницијативата за стопирање на криминалните активности, нагласува Митрев.
Како што појаснија градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и од Секторот за урбанизам при општината, работите на терен се согласно генералниот урбанистички план од 2003 и деталниот од 2013 година. Според нив, нема завлегување во градскиот парк, кој е еден од најубавите во Македонија
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал