Потпретседателката на Аргентина избегна атентат, пиштолот на пукање се заглави | ВИДЕО
Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше нападната со пиштол, но пиштолот се заглавил.
Неколку телевизиски канали прикажаа снимка од напаѓачот како нишани по главата на Кирхнер додека таа излегуваше од автомобилот што ја донесе дома.
Напаѓачот не испука од пиштолот, а Киршнер остана неповредена.
Инцидентот се случи на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупција.
Мажот беше во толпата луѓе кои чекаа да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.
Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје“. Тој исто така рече дека мажот би можел да има бразилско потекло.
Стотици активисти од минатата недела се собираат пред куќата на Кристина Киршнер (69), која е обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз (на југот на земјката), за време на нејзините два претседателски мандати (2007 -2015 година).
Ново на Сител
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група
-
Папата Лав Четиринаесетти повика на разум и дијалог меѓу Иран и Израел
-
Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади
-
Тајани: Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови