Потпишани договори за стипендирање на 26 студенти од Оштина Кочани
Дваесет и шест жители на Кочани, редовни студенти на државните универзитети во Република Македонија се корисници на стипендија на Општина Кочани за студиската 2016/17 година. Тие денеска во просториите на општината ги потпишаа договорите за користење на стипендијата.
- Посебно сум среќен што годинава ке можеме да доделиме 26 стипендии на редовни студенти на државните универзитети за оваа учебна гдина. Интересот од година во година е се поголем и ние се стремиме тој број да биде зголемен. Од учебната 2009/2010 година до денес стипендии добиле 197 студенти, изјави по потпишувањето на договорите градоначалникот Ратко Димитровски.
Според претседателката на Комисијата за доделување стипендии, Ана Кралева, годинава интересот бил голем, и во предвидениот рок биле поднесени 39 пријави, од кои девет биле неприфатливи. Со одлука на градоначалникот, а според Правилникот за доделување стипендии, од ранг-листата од 30 кандидати, стипендии ќе добијат 26 студенти.
- Според критериумите за добивање стипендија, успехот носеше најмногу 70 бодови, материјалниот статус до 20, а пет бода имаа децата на самохрани родители. Приоритет имаа и децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Република Македонија. Студентите од градежен, архитектонски, геодетски и технолошки факултет имаа дополнителни пет поени, бидејќи нивните струки, со одлука на градоначалникот, беа утврдени за дефицитарни,изјави Кралева.
Стипендистите на Општина Кочани ќе добиваат по 2.500 денари во текот на девет месеци од тековната студиската година.
Првпат Општина Кочани додели стипендии во 2009/10 година, а со годинашниве се доделени вкупно 197 стипендии.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка