Потпишана заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу РМ и Обединетото Кралство
Сакаме да ја видиме Македонија просперитетна и успешна, му порача британскиот министер за Европа Алан Данкан, на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров по потпишувањето на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
- Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа визија и да се справиме со предизвиците со кои заеднички се соочуваме, стои во Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Министерот Димитров,како што стои во соопштението на МНР, изрази задоволство што уште една пријателска земја е подготвена да даде конкретна поддршка на реформските процеси на Република Македонија.
- Ова партнерство е подеднакво корисно за двете земји – за Македонија е инспирација што зад неа стои една од најстарите демократии, а за Велика Британија потврда за нивниот несебичен ангажман за зацврстување на демократијата. На средбата, во исклучително пријателска атмосфера беше потврдена британската поддршка за евро-атлантските интеграции на Македонија. Обединетото Кралство останува силно присутна во регионот на Западен Балкан и поддржувач на членството на земјите од Регионот во ЕУ, истакна Димитров.
Во рамки на посетата, попладнево министерот Димитров ќе учествува на конференцијата „Британската демократија: Глобални вредности во неизвесен свет“ што ја организира престижната Вестминстер Фондација за демократија (WFD) по повод 25-годишнината од нејзиното основање.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест