Потпишан нов Колективен договор во одбраната, Шекеринска вети негово почитување

Зголемување на периодот во кој припадниците на Армијата кои заминуваат на мировни и хуманитарни и операции на НАТО во странство ќе имаат шанса за подобра подготовка на секаков можен начин и шанса да се ресоцијализираат назад по враќањето од мисијата, решение на проблемот со сообраќајните несреќи на припадниците каде што Министерството ги товарело за направената штета и покривање на осигурување за повреда на работно место, се дел од новиот Колективен договор што денеска го потпишаа Министерството за одбрана и Независниот синдикат на одбраната.
Министерската за одбрана Радмила Шекеринска рече дека во новиот Колективен договор се решени прашања што се провлекуваа како практични проблеми, а кои веќе нема да бидат проблем, потенцирајќи дека таа и Владата се обврзуваат тоа што го потпишале и да почитуваат.
– Покажавме дека нашите обврски си ги исполнуваме и покажавме дека стандардот и квалитетот на живот и работа на припадниците на Министерството и Армијата ни се навистина приоритет. Како резултат на овие разговори и доверба успеавме да ги зголемиме платите за 16 проценти, успеавме во предлог законот што е во собраниска постапка да ставиме станбено обезбедување на сите освен оние кои добиле станови од поранешна ЈНА и генерално ставивме акцент на Армијата, на припадниците и на нашиот систем за одбрана. Така ќе продолжиме и со овој Колективен договор, истакна Шекеринска.

Со потпишувањето на овој Колективен договор, според претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, постигнат е договор кој ги унапредува правата на вработените во Министерството за одбрана и во Армијата.
– Очекуваме дадените пртедлози од страна на Несзависниот синдикат во врска со дополните на Законот за служба во армијата да бидат прифатени и инплементирани, истакна Исајов и појасни дека се работи за закупнина за сите вработени кои немаат добиено стан, пензионирање со просек од 10 најдобри години, регулирање на пенизионирањето согласно позитивните законски прописи, доделувањето на еднократна солидарна помош без разлика на местото на живеење и слично.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
