Потпишан Меморандум за соработка на централните банки на Македонија и Косово
Народната банка (НБ) на Северна Македонија и Централната банка на Косово, потпишале Меморандум за соработка и размена на информации. Со него, информира денеска НБ, се опфатени повеќе полиња за размена на искуства и знаења, како финансиска стабилност и макропрудентни мерки, супервизија и имплементација на меѓународни стандарди, платни системи, заштита на потрошувачи и размена на статистички податоци.
Меморандумот го потпишале гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, за време на работната посета на македонската делегација на Приштина, во која учествуваше и вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и гувернерот Исмаили на потпишувањето порачале дека меморандумот е резултат на пријателските односи помеѓу двете централни банки и дека истиот е основа за продлабочување на соработката и успешно остварување на проектите и иницијативите коишто ќе произлезат во наредниот период.
За време на посетата на Косово, македонската делегација предводена од гувернерката, одржала повеќе состаноци со гувернерот на Централната банка на Косово, вицегувернерите и високи претставници на банката.
-Во рамки на овие средби беше дискутирано за стратегиските цели и предизвиците во современото централно банкарство, финансиската стабилност и макропрудентните мерки, при што претставниците на Народната банка ги презентираа макропрудентните мерки кои се преземени, особено мерките преземени во изминатите неколку години, како и нашето искуство при подготовката за СЕПА апликацијата, која беше поднесена на почетокот на јули, оваа година, стои во соопштението.
За време на средбите во Приштина, дирекции од двете централни банки ги презентирале надзорните практики на платните системи и давателите на платежни услуги во нивна надлежност, како и проектите и активностите кои имаат за цел да ја модернизираат платежната инфраструктура во двете земји.
Ново на Сител
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет
-
На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците