Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа
Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа.
Параф на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и директоот на АД Мепсо Зухди Енуз. На потпишувањето на договорот присуствуваа и евроамбасадорот Дејвид Гир и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Средствата ќе бидат искористени во рамки на проектот за изградба на трафостаница и обнова на 110 киловолтен далновод, што ќе овозможи приклучување на нови 1170 мегавати од обновливи извори кои стојат неприклучени.
Вкупната вредност на овој проект е 34,7 милиони евра од кои 26,4 милиони се обезбедуваат со заем од ЕБОР а 7,6 милиони евра се обезбедени од од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ и половина милион евра од Климатскиот фонд.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар