Потпишан договор за соработка меѓу регионалната комора и штипскиот универзитет
Претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип во рамките на Стопанската комора на Македонија (СКМ) Наум Барзов и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип Блажо Боев денеска потпишаа меморандум за соработка, што е чекор напред за унапредување на соработката меѓу бизнис заедницата и универзитетот.
Ректорот Боев истакна дека овој договор ќе даде и конкретни насоки во унапредување на образованието и добивање на високообразовани кадри кои се потребни на бизнис заедницата, а се со цел завршените студенти побрзо да наоѓаат работа. Соработката се гледа и во делот на задолжителната пракса, која студентите од штипскиот универзитет ја извршуваат во некоја од компаниите во регионот.
- Нашиот Центар за кариера во текот на месец јуни издава до сите бизнис заедници, фирми, компании, каде што нашите студенти одат на едно месечна пракса и слободно можам да ви кажам дека таа бројка изнесува секоја година преку 4.000 студенти, вели Боев.
Претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип при СКМ, Барзов истакна дека соработката ја гледаат во наредниот период во делот на добивање на потребните квалификувани кадри за стопанството.
- Се надевам дека како Регионална комора со седиште во Штип ќе ги анимираме нашите членови да што побрзо излезат со анализи за потребните кадри или спецификации на кадри кои треба да се дообразуваат или програми кои што ќе треба универзитетот „Гоце Делчев“ да ги воведе во нивните курикулими, вели Барзов.
Оперативниот директор на Стопанска комора на Македонија Елена Милевска Штрбевска рече дека како комора веќе имаат излезено со анализа за какви кадри со средно образование им се потребни на македонските фирми, а како што вели најпотребни се од метарлушката, метално-преработувачката, градежната струка.
- Се утврди и тоа дека има потреба од дополчнителни анализи, анкети и истражувања во делот на високот образование, каде што секако постојат дефицитарни кадри на кои што треба да се работи во иднина, вели Милевска Штрбевска.
Во источниот регион бизнис заедницата има потреба од кадри од областа на рударството, геологијата, градежништвото, но и од економските науки.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера