Македонија
25. September 2017 - 13:58

Потпишан договор за соработка меѓу хрватски КЕТ и ФЕИТ

Хрватската компанија „Кончар Инженеринг за енергетика и транспорт“ (КЕТ) и македонскиот Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) потпишаа договор за соработка и договор за донација на „Скада проза нет“ систем за потребите на Центарот за трансфер на технологии и иновации при ФЕИТ.

Со договорот за соработка се опфаќа спроведување на истражувачки и развојни проекти и взаемна употреба на специфични експертизи, опрема и лаборатории.

Договорот за соработка е потпишан вчера во Охрид од Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски и претседателот на Управата на КЕТ Мишо Јурковиќ во рамки на меѓународна конференција.