Потпишан договор за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари
Согласно Програмата за изградба на улици во градот и населените места во општината, Општина Кочани денеска потпиша Договор со компанијата „Жикол“ од Струмица, фирма којашто е избрана за изведувач на градежните работи од проектот Локален пат - ул. „Гоце Делчев“ за поврзување на село Оризари со регионалниот пат и град Кочани- прв дел.
- Општината планира да изврши доизградба на улицата „Гоце Делчев“ во селото Оризари во должина од 743 м, со ширина на коловозот од 7 м и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 м. Заради теренските услови ќе се градат потпорни ѕидови, ќе се врши пробивање на дел од улицата, подобрување на тлото на новопробиениот дел, тампонирање, поставување рабници, изградба на елементи за одвод на атмосферска вода, асфалтирање и изградба на тротоари.
Според градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски со изведбата на сообраќајницата ќе се добие една целина со што ќе се овозможи подобра сообраќајна врска и подобар пристап за влез во Оризари и поголема безбедност на сообраќајот.
- Грантот што го добивме со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260 илјади евра, истакна Димитровски, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во селото Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.
За овој потпроект од Проектот за подобрување на општинските услуги, се издвоени околу 56 илјади евра од општинскиот буџет.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот