Потпишан Договор за аеропрочистувачи, ќе бидат донирани во болници, градинки, училишта,...
Владата денеска потпиша Договор со компанијата ЕКОТИП Македонија за донација на 255 уреди за прочистување за чист воздух во вредност од еден милион евра.
Како што беше истакнато на церемонијата на потпишување, предвидено е овие уреди да бидат распределени во болници, градинки, училишта и други јавни установи, каде квалитетот на воздухот е од клучно значење.
Компанијата ЕКОТИП Македонија е лидер во областа на аерофилтрацијата, а во соработка со MANN+HUMMEL, обезбеди значајна донација од напредни системи од овој реномиран германски производител за прочистување на воздухот во вредност од милион евра.
Договорот за аеропрочистувачите го потпишаа владиниот генерален секретар Игор Јанушев и менаџментот на компанијата, а детали во моментов на прес-конференци соопштуваат портпаролката Марија Митева и претставник на ЕКОТИП.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот