Потопот пристигнува од Антарктикот: Топењето на големиот глечер ги загржи научниците
Големиот глечер Тотен на Антарктикот,кој внимателно го следи научната заедница, се топи многу побрзо отколку што беше до неодамна, што ќе има драматично влијание врз порастот на нивото на морето.
Глечер Тотен е еден од најбрзите Антарктички глечер, и научниците мора да набљудуваат како се топи поради големата количина на вода што може да ја ослободи.
Користејќи вештачки сеизмички бранови за да им помогнат на научниците да гледаат преку дебелината на мразот на глечерот, научниците откриле дека по океанот плови поголемо парче од Тотен отколку што првично мислело.
"На некои локации мислевме дека не плови по вода, односно дека е прицвстено за земја, но по она што го испитавме се покажа дека целиот глечер плови по водата", вели Пол Вајнбери од Универзитетот во Вашингтон, пишува Daily Mail.
„Тоа исто така значи дека овој глечер е осетлив на климатски промени и мора да се внимава на него„ додал тој.
Според НАСА, меѓу 2002 и 2016 година, Антарктикот изгубил 125 гигатони мраз годишно, поради што нивоата на морињата во светот беа зголемени за 0,35 милиметри.
Во една неодамнешна студија беше откриено дека најголем глечер на источниот дел на Антарктикот се топи одоздола, бидејќи ветрот нанесува топла вода од океаните а истиот тој ветрот ќе биде посилен со развојот на климатските промени.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра