Потона турски товарен брод со 12 членови на екипажот
Турски товарен брод со 12 членови на екипажот вчера потона за време на невреме во близина на турскиот брег на Црното Море, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Капетанот на бродот „Кафкаметлер“, што пловел под турско знаме, вчераутро пријавил дека бродот пловел кон пристаништето кај Ерегли, во северозападната турска провинција Зонгулдак, соопшти претходно канцеларијата на гувернерот на покраината.
Министерот Јерликаја кажа дека бродот потонал откако удрил во заштитниот ѕид на пристаништето.
Регионот вчера беше зафатен од силни бури, а канцеларијата на гувернерот соопшти дека лошото време ги спречи авионите и бродовите да го бараат бродот.
-Кога ќе се подобрат неповолните временски услови, веднаш ќе почнат активностите за пребарување и спасување, изјави Јерликаја.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
