Потона познат белградски сплав | ФОТО+ВИДЕО
Познатиот сплав Картел во Нов Белград потона синоќа, ноќта меѓу саботата и неделата, нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го гледаат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пишува Блиц.
Како што може да се види на видеата објавени на Инстаграм, кога сплавот потонал, гостите се обиделе да се спасат скокајќи во Сава и пливајќи кон брегот.
Како што дознава Блиц, на полицијата и биле потребни седум минути за да стигне до сплавот „Картел“ по дојавата, а на терен биле сите расположливи спасувачки единици на МВР на Србија, како и екипи за итни случаи.
Службите евакуирале 30-тина лица.
Една од девојките за „Блиц“ изјавила дека настанало вистинско стампедо кога сплавот „Картел“ почнал да тоне.
– Некои почнаа да скокаат во водата и да пливаат до брегот, додека други останаа закотвени во страв да не се удават. Веднаш дојдоа и родителите на гостите кои беа заглавени на сплавот. Луѓето беа нервозни. Видов дека брзата помош му помогна на едно момче. Сите беа во паника. Повикаа помош“ изјавил за „Блиц“ девојка која била сведок на потонувањето на сплавот „Картел“.
Еден од гостите изјавил дека на потонувањето на сплавот „Картел“ му претходел конфликт меѓу гостите и обезбедувањето.
– Поголема група луѓе почна да се симнува од сплавот и да се спротивставува на обезбедувањето. Потоа започна тепачката. Мостот почна да пука, сплавот да тоне и сите што истрчаа паднаа во водата – изјави очевидец.
Ново на Сител
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии