Постигнат договор за грчкиот долг

Министрите за финансии на евро зоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма.
- Имаме договор со Грција, изјави синоќа неименуван европски претставник по шестчасовната средба во Луксембург на министрите за финансии од евро зоната.
Согласно договорот европските кредитори ќе и доделат на Грција 15 милиони евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за враќање на дел од кредитите до 10 години.
Пакетот што означува крај на третата програма за спас на Грција има за цел да гарантира дека долгот на земјата е одржлив и дека Атина нема да се откаже од реформите.
По излегувањето програмата Грција ќе биде под стрикно европско набљудување, и под многу поголема контрола од што беа Португалија, Кипар и Ирска.
За осум години Грција доби над 273 милијарди евра помош од кредиторите, евро зоната и Меѓународниот монетарен фонд во рамките на трите програми за спас.
Бруто домашниот произвор во Грција минатата година забележа раст од 1,4 проценти, а за годинава се предвидува раст од 1,9 отсто, додека за следната - 2,3. Во исто време Грција бележи и суфицит во буџутот од 0,8 проценти откако во 2009 година имаше дефицит од 15,1 отсто.
- Договорот за крај на сегашната програма за спас на Грција е историски момент, истакна еврокомесарот за економија Пјер Московиси.
Грчкиот министер за финансии Евкладис Цакалатос истакна дека е задоволен од договорот со кој се става крај на осумгодишното штедење и реформи.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
