Свет
12. September 2017 - 8:35

Постигнат договор во владејачката коалиција на Словачка

Лидерите на трите партии, кои ја сочинуваат владејачката коалиција во Словачка, вчера потпишаа договор за соработка.

Кризата во коалицијата настана минатиот месец, кога ултранационалистичктата Словачка национална партија одлучи да се повлече од коалицијата и побара да преговара за нови услови.

Коалицијата е формирана по минатогодишните парламентарни избори во Словачка, во која покрај Словачката национална партија учествуваат левичарската Социјалдемократска партија на премиерот Роберт Фицо и Партијата на унгарската заедница во Словачка.

- Постигнат е договор за се што предизвикуваше загриженост во Словачката национална партија и договорено е да се организираат редовни состаноци, истакна Фицо.