Поставени 25 тријазични табли во кругот на клиничкиот центар во Скопје
Дваесет и пет табли на македонски, албански и англиски јазик се поставени пред јавните здравствени установи во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тие ќе служат како показатели за клиниките со цел пациентите полесно да се снаоѓаат во кругот на Клиничкиот центар.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во кругот на Клиничкиот центар изјави дека потпишал барање до Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар-Скопје, за поставување табли и 16 канти за отпад, а во втората фаза ќе биде поставено ново осветлување.
- Во Клиничкиот центар се даваат најголемите здравствени услуги и заслужува да изгледа многу подобро. Пред некое време заедно со Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар-Скопје спроведовме акција за чистење во просторот околу Клиничкиот центар. Разлислуваме да го решиме и просторот за паркирање, посочи Таравари.
Директорката на Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар-Скопје, Шкодране Дардишта рече дека поставувањето на таблите во кругот на Клиничкиот центар е голем чекор за пациентите, односно населението од албанската припадност и за пациентите кои доаѓаат од Косово и од Албанија.
- Триесет отсто од пациенти кои бараат здравствени услуги во Клиничкиот центар се Албанци и сега ќе им биде полесно да се снајдат во кругот на Клиничкиот центар. Ова произлезе од соработката меѓу ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар-Скопје заедно со Министерството за здравство, потенцира Дардишта.
Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека 500.000 денари чини целиот проект. - Претходно имаше 12 патокази, сега има 25 патокази, четири легенди, главна мапа и табла на главниот влез на Клиничкиот центар, рече Дардишта.
Одговарајќи на новинарско прашање Таравари рече дека наредните месеци ќе се среди и осветлувањето на просторот околу клиниките.
Во врска со случајот со тројката починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, тој посочи дека е формирана комисија и ги очекуваат резултатите. - Новороденчињата имале проблеми со белите дробови. Сите биле во инкубатор, потенцира Таравари.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со починатото двегодишно дете во Охрид, рече дека се очекуваат резултатите од аутопсијата. - Формирана е Комисија во Министерството за здравство. Имаме извештај од директорот на Клиниката и од дежурниот доктор, додаде Таравари.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка
-
Фон дер Лајен на средба во Анкара со Ердоган
-
Кошаркарот Јанис Тима пронајден мртов во Москва
-
Мицкоски: Даваме 25 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и други проекти
-
Седница на УО на Коморскиот инвестициски форум за клучните приоритети во 2025 година
-
Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“
-
Земјотрес од 7,4 по Рихтер во близина на Вануату
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Зелениково и Чучер Сандево